Деликатес со пилешко и пиперки

од Vladimir Zorba
297 прегледи

Состојки:

3 парчиња батаци со карабатаци
1 главица кромид
неколку чешниња лук
цимет прстофат
половина лажица зачин кари
1 мала лажичка мелена блага црвена пиперка
1 помал лимон
100 г зелени маслинки
300 мл пилешка супа
1 лажица мед
сол, бибер според вкус

pilesko1

Подготовка:

Отстранете ја кожичката од батаците, па преполовете ги на батак и карабатак. Загрејте го маслото и пржете ги батаците 5 минути од едната и 5 минути од другата страна. Извадете ги, па во истото масло пржете ги кромидот и лукот, ситно исечкани.

Додајте ги зачините, лимонот исечен на кругови и налејте со пилешка супа. Батаците вратете ги во лонецот, намалете го оганот и динстајте околу половина час. На крајот, додајте 1 лажица брашно разматено со малку вода и сечканите маслинки на кругови, медот, циметот, карито, мелената црвена пиперка. Служете со прилог по желба (ориз, тестенини, кус кус).