Бараме излез од политичката криза преку владеење на правото и слободни, фер и регуларни избори, час поскоро-– вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за Глас на Америка на македонски јазик.
“Секое утро, секој ден, ме движи желбата за подобра и сигурна иднина на Македонија и мојот народ, на сите граѓани. Нашиот мотив е Македонија да биде нормална, напредна, слободна и демократска земја”-посочува Заев во интервјуто.

