ЛДП: Санкции за пречекорените овластувања на телохранителите на Груевски

од Vladimir Zorba
74 прегледи

„Либерално-демократската партија е згрозена и сериозно загрижена за слободата на медиумите во Македонија, по последниот упад на обезбедувањето на поранешниот премиер и актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски“, се вели во соопштението на партијата.

LDP-660x330 (1)

„Упадот на полициските службеници во просториите на ТВ21, со цел бришење на одредени фотографии кои новинарот на оваа телевизија ги сликал од прошетката на Груевски на улица Македонија, е одлика на автократски и недемократски општества.

Ги прашуваме ВМРО-ДПМНЕ, дали со оваа провокација свесно и намерно ја влошуваат и онака уништената слобода на независното и непристрасно информирање во државата?

ЛДП најсилно го осудува овој чин на насилие и бара санкционирање на припадниците на МВР кои ги пречекориле своите овластувања и ингеренции.

Овој настан е уште еден доказ за издржаноста на барањето на ЛДП за декриминализација и департизација на безбедносните служби од лица со криминално досие, кои работат во служба на партијата, а не на државата“, се вели во соопштението.