Движењето за реформи бара одговор зошто е уапсен генералниот секретар Таравари

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Доктор Арбен Таравари, генерален секретар на Движењето за реформи – ДПА, пред два дена на скопскиот аеродром бил уапсен. Тој, како што дознаваме, со сопругата требало да отпатува за Берлин.

download(534)

Денеска од Движењето реагираат и велат дека доктор Таравари, претставува одличен пример на еден интелектуалец кој е подготвеен да го понуди својот придонес за да се постигнат позитивни промени кај своите сограѓани.

„Зашто би бил опасен или државен непријател еден доктор неуролог, кој достоинствено и професионално си ја врши својата должност како доктор, без разлика на етничката или верската припадност? Бараме итно да ни се одговори зошто тој е уапсен. Бараме да се идентификуваат одговорните лица и да се казнат и нивните налогодавачите на овој немил настан, кој е и противзаконски и противуставен“, се вели во барањето.