Соопштение на ЛП:

По повод обраќањето на Иванов и неофицијалните информации за продолжување на меѓупартиските разговори, претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски ја даде следната изјава:
– Иванов вчера го нападна постоењето и тимот на СЈО. Со дикцијата што ја употреби, тој го упати Уставниот суд да го поништи постоењето на СЈО, придружувајќи му се на Груевски. Тоа јасно потврдува дека било какви меѓупартиски преговори по било која од точките од „Пржино” е излишно, додека сите пржински потписници недвосмислено не го поддржат работењето на СЈО во јавна и заедничка изјава, како што Либералната партија предложи вчера.
Преговори од било кој вид и за било која друга тема се во корист на тезите на Иванов и Груевски. Може да се разговара само за формата на поддршка на СЈО, а не да се глуми „нормална состојба”
Ако по обраќањето на Иванов опозицијата го „замрзнува” учеството во Собранието, а партиските тимови сепак продолжуваат некакви преговори за списоците или за медиумите, наместо за гарантирање на работата на СЈО, единствено логично прашање е каде прво да се организираат протестите – пред „Клубот на пратеници” или пред „Бихаќка”.