Состав: 12 чешниња лук, ½ l црно вино (по можност домашно)
Исчистете го лукот и исечкајте го на четвртини и ставете го во тегла. Додајте пола литар црно вино и добро затворете го садот.

Чувајте го на место каде што допира сончевата светлина, околу две недели. Секојдневно по неколку пати протресувајте го, за да се измешаат состојките. По две недели, исцедете ја содржината и ставете ја во стаклено шише.
Консумирајте по 1 лажичка 3 пати дневно во период од еден месец. Овој лековит пијалак ја прочистува крвта, ги отстранува вишокот маснотии и сол од организмот, а со тоа и го забрзува метаболизмот. Ова е моќен пијалак за чистење и зајакнување на крвта, па се препорачува да се користи со пауза од 6 месеци помеѓу два третмана.