Националната демократска преродба вели дека е многу конзистентна во нејзиниот став не само за изборните листи, туку за изборен код во целост. Според партијата, потписниците на Пржинскиот договор во континуитет играле ниски игри со изборниот код и сето ова на грб на земјата и граѓаните, и тоа продолжуваат да го прават, мислејќи само за партиските интереси.
„Бескрајните дебати околу изборните листи се само еклатантен пример на овие ниски игри, и ако овие политички партии искрено и сериозно посакуваат да го решат Избирачкиот список, тогаш нека ја прифатат претходната идеја за гласање со отпечаток од прстите. Гласањето со отпечаток од прсти по автоматизам ќе ја реши целата проблематика околу списокот, бидејќи тогаш нема да има потреба за понатамошна контрола, и нема да има потреба за избришење од листата. Во овој случај, актуелната изборна листа нема да биде никаков проблем за ниедна политичка партија бидејќи манипулацијата се прави во гласањето, а не колку е бројот на гласачи во изборната листа. Изборната листа е значајна само ако не се прифати гласањето со отпечаток од прсти, особено кога станува збор за локални или парламентарни избори“, се наведува во соопштението на НДП .
