ПЦЕР бара да се преиспита изборот на амаЏелал Бајрами за јавен обвинител, бидејќи како што велат, со неговото стапување на таа функција се крши амандман 30 од Уставот, каде што пишува дека за избор на јавен обвинител треба да се запази соодветна застапеност на заедниците во Македонија.
– Сакаме да укажеме дека во оваа држава нема само Албанци и Македонци, туку има и другите заедници. Во Уставот не пишува дека мора да биде Албанец, затоа бараме да се преиспита овој избор и како партија ќе бараме поништување за изборот преку Уставен суд – велат од ПЦЕР.
Партијата за целосна еманципација на Ромите вели дека функцијата јавен обвинител е неспоива со политичко дејствување.
– Функцијата јавен обвинител на Република Македонија е неспоива со членувањето во политичка партија или со вршење на други јавни функции и професии утврдени со закон. Политичко организирање и дејствување во Јавното обвинителство е забрането со закон, а Бајрами е партиски функционер на ДУИ, бил министер за труд и социјала, како и заменик министер во МВР. Тоа значи дека според Уставот на Македонија не може да биде јавен обвинител – велат од ПЦЕР.