Состојки:
500 г јогурт
500 мл вода
неколку страка копар
2 врски ротквици
сол
грст мелени ореви
малку масло
Подготовка:
Во сад ставете го јогуртот и додадете вода. Измешајте добро и исечете јги на ситно ротквиците или изрендајте на тенки парчиња. Додадете сецкан лук, масло, копар, сол и ореви.
Таратурот е супа со која може да се прават свежи експерименти, затоа по желба може да додадете малку краставица или зелена салата.
356