ММФ да не го обнови постојаниот претставник во Македонија е очекувана одлука, смета експертската и политичка јавност во земјава. Тоа го направија политиките на Владата на Груевски.
Тие посочуваат дека изминатиот период Владата јасно даде на знаење дека нема потреба од аранжманите на ММФ, иако се поевтини но сепак се подложни на строги контроли. Тие сега си тераат со поскапи странски кредити за кои нема транспарентност при трошењето, и немаат одгворност пред никого. Политичката јавнмост пак тпс го третира како дел од санкциите кон Македонија, откако ЕУ стопира речиси половона (27 мил евра) од ИПА фондовите за Македонија.
Според Венко Глигоров постои конфликт меѓу стратегијата на Владата и барањата и одредбите на ММФ. „Ги вратија предвреме кредитите и позајмиците земени од ММФ за да го тргне настрана ММФ да не може да им влијае на нивните одлуки за задолжување и за финансиски транскации. ММФ знае да дава некои ригорозни предлози кои за нас изгледаат ригорозни, вели за Алсат М еконсмкиот аналитичарт Венко Глигоров.
Според истиот извор , Брисел е можно да ги скрати и останатите 50 милиони евра, а немало да биде поштеден ниту Коридорот 8, кој е еден од клучните проекти не само за земјава, туку и за Блаканот.