(ВИДЕО) Манчевски: Новата лудост на власта со барокни фасади нема да успее

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Граѓаните нема да дозволат Градскиот трговски центар, МОБ и Универзитетската библикотека да ги сменат фасадите во барокни. Пред да има можност да се реализира оваа безумие ќе дојде до смена на власта на фер и демократски избори, вели Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

damjan-mancevski1

Новата, демократска власт веднаш ќе ги стопира овие криминални проекти.

Затоа, ги повикуваме сите домашни и странски градежни компании да не учестуваат на повикот, кој евентуално би го распишала криминалната влада на Никола Груевски.

Веднаш по смената на власта, средствата наменети за новите барокни фасади, ќе бидат пренаменети за гасификација на Скопје и за други неопходни потреби на граѓаните.

Ги повикувам функционерите на ВРМО-ДПМНЕ, чесните  и одговорни поддржувачи на ВМРО- ДПМНЕ, да ја откажат послушноста на Никола Груевски во спроведувањето на лудилото со Скопје 2014.

Граѓаните на Скопје, но и цела Македонија апсолутно се спротивставуваат на трошењето на пари за раскош и луксуз. На ова безумие можеме заедно да му ставиме крај.

Крајот се ближи, готово е.