ВМРО-ДПМНЕ: Безидејноста и деструкцијата на СДСМ не поминуваат кај народот

од Vladimir Zorba
85 прегледи

СДСМ единствено што знае и умее е да ја спроведува политиката на деструкција по наредба на аболицираниот криминалец Зоран Заев. СДСМ – Сорос и нивните сателити се противеа на изградбата на жичарница на Водно. СДСМ – Сорос и нивните сателити се противеа на изградбата на арената Филип Втори, најавувајќи дека таа ќе се сруши, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

nova-zgrada-vmro

„СДСМ – Сорос и нивните сателити се противеа на изградбата на Плоштад Македонија кој носи неколкукратно повеќе туристи во главниот град. СДСМ – Сорос и нивните сателити беа против изградбата на новиот објект на Македонскиот народен театар кој сега ги има најмодерните услови за сценски изведби на балканот и пошироко, факт кој е признаен од сите театарски работници во регионов и пошироко. СДСМ – Сорос и нивните сателити беа против изградбата на Музејот на македонската борба и десетици други градби кои се места што се препорачуваат во странски списанија и кои ги посетуваат илјадници туристи.
Од СДСМ – Сорос не се очекува ништо друго освен насилство, палење, ограбување на институции и деструкција. Граѓаните ги прочитаа намерите на единствената партија предводена од аболициран криминалец и организацијата која учествува во иницирање на нереди во кои најголеми жртви се граѓаните. Затоа СДСМ – Сорос ќе бидат катастрофално поразени на следните избори. Безидејноста и деструкцијата не поминуваат кај народот“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.