Честитка од Заев по повод Рамазан Бајрам

од Vladimir Zorba
96 прегледи

 

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска, по повод Рамазан Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до сите граѓани кои го чествуваат празникот.Заев: Нашите барања се јасни и јавно обелоденети

– Светите празници, како што е и Рамазан Бајам, преку духовната сила што ја носат и љубовта, трпението, разбирањето, мудроста што ја поттикнуваат, помагаат на човекот да го оствари својот копнеж и порив за спокоен и среќен живот. Човекот е спокоен и среќен кога се спокојни и среќни неговите деца, неговите родители, неговото семејство, неговите пријатели, соседи, сограѓани. Затоа ни се потребни овие универзални бесценети вредности, наведува Заев.

Сите заедно, додава, без разлика на различностите по каква било основа, покажавме дека како совесни луѓе сакаме и можеме да одговариме на обврската што ја има секој од нас, да придонесеме кон заедничка, посветла иднината на сегашните и идните генерации.

– Убеден сум дека заедно продолжуваме кон надминување на предизвиците и ообезбедување достоинствен живот за сите граѓани во Република Македонија, пишува претседателот на СДСМ Зоран Заев во честитката.