За банкарската гаранција на Балкан Петролеум Холдинг Лимитед

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Компанијата Балкан Петролеум Холдинг Лимитед, која што на 09.06.2016 објави намера за преземање на Макпетрол АД Скопје, денес 04.07.2016 преку својот полномошник Петар Стојановски не извести дека  на 01.07.2016 е испорачана банкарска гаранција врз основа на договор склучен со Централен Депозитар за хартии од вредност на Република Македонија.

transportation and ownership concept - man pumping gasoline fuel in car at gas station

transportation and ownership concept – man pumping gasoline fuel in car at gas station

Банкарска гаранција е издадена од UBS Zurich Швајцарија на износ од 47.500.000 евра и истата е пристигната во НЛБ  Банка од каде што е подигната од овластено лице од депозитарот на 01.07.2016 година. Преку оваа трансакција компанијата Балкан Петролеум Холдинг Лимитед ги демантираше сите невистини и коментари кои деновиве кружеа низ јавноста, а беа поврзани со нејзината несериозна намера за преземање на Макпетрол.

 

Следен чекор на тимот за преземање на компанијата Макпетрол е финиширањето на потребните документи за комплетирање на каталогот со информации за преземачот до Комисијата за хартии од вредност на Р. Македонија, а предавањето е најавено за оваа недела