Можните решенија за излез од политичкиот ќорсокак и приближниот датум за избори ќе се знае по средбите на македонските полтички лидери со германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл и заменик државниот секретар на САД Викторија Нuланд. Ова на брифинг со новинарите го истакна лидерот на ДПа Мендих Тачи, по прославата на годишнината на неговата партија која се одржа во Тетово, информира Телма.
Тој смета дека меѓународниот фактор премногу ги толерира политичките партии што е причина според него за одолговлекување на полтичката криза во Македонија.
-Странските претставници кои посредуваат во решавањето на кризата треба да имаат поцврст став и повеќе да не ги толерираат разните барањ и желби на полтичките партии. Само на тпој начин ќе се постигне решение и ќе се стави точка на кризата. Но, тие се претпазливи и ги толерираат политичките партии за да не излезат на површината меѓуетничките прашања, коиа како вистински проблеми уште повеќе би ја пдордлабочиле кризата во земјава, рече Тачи.
Целиот текст можете да го прочитате тука
