НАТО: Сакаме конструктивни односи со Русија

од Vladimir Zorba
117 прегледи

 

Лидерите на НАТО членките денеска во заедничко соопштение од самитот во Варшава наведоа дека сакаат конструктивни односи со Русија, „тогаш кога однесувањето на Русија тоа ќе го дозволи“.NATO-family

Во Варшавската декларација за транс-атлантска безбедност, се вели дека НАТО не претставува опасност за ниту една држава и оти членките и понатаму сакаат конструктивни односи со Русија тогаш кога руските активности тоа ќе го овозможат.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека НАТО не влегува во уште една Студена војна, но додаде дека Русија веќе не се однесува како партнер.

Тој додаде дека НАТО идната недела ќе ја објасни позицијата со распоредувањето баталјони во Естонија, Литванија, Летонија и Полска, на состанокот на Советот Русија-НАТО во Брисел

Слични содржини