Министерство за финансии: Еврообврзницата се издава во согласност со закон

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Еврообврзницата се издава во согласност со Законот за јавен долг (член 18, став 5), реагираат од Министерството за финансии на вчерашната прес-конференција на Кире Наумов од СДСМ.

 

Javna administracija, ministerstvo za finansii i  ministerstvo za obrazovanie i nauka

 

Во соопштението на министерството се вели дека во членот од Законот за јавен долг пишува дека државни хартии од вредност во име на Република Македонија на меѓународен пазар издава Министерството за финансии врз основа на одлука на Владата на Република Македонија, со која се утврдува максималниот износ на ново задолжување преку ДХВ.

„Владата има функционална надлежност, законско право и легитимност да ја донесе оваа одлука во согласност со Законот за Влада и со неговите последни измени во ноември 2015 гoдина. Имено, член 43 од овој закон предвидува состав на Влада која ќе организира парламентарни избори, додека членовите 44, 45 и 46 поблиску го уредуваат составот на Владата која ќе ги организира предвремените парламентари избори во 2016 година, со назначување на министри и на дополнителни заменици-министри во министерствата кои се во нив утврдени. Во моментот на донесувањето на одлуката, во РМ не се закажани предвремени парламентарни избори и времето на нивното одржување сè уште е неизвесно“, пишува во реакцијата на Министерството.