ВМРО-ДПМНЕ: Државната кардиохирургија не функционираше единствено во време на СДСМ

од Vladimir Zorba
82 прегледи
138811
Факт е дека државната кардиохирургија не функционираше единствено во време на сдсм, бидејќи СДСМ само ја ветуваше, а никогаш не ја отвори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Факт е и дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за првпат по 50 години ја отвори клиниката за државна кардиохирургија, која континуирано се развива и прераснува во една од најуспешните установи во јавното здравство. Комплетно се невистинити наводите на СДСМ дека оваа установа не функционира. Во оваа установа, која манипулаторите и некрофилите од сдсм тврдат дека не функционира, веќе се извршени над 300 интервенции, а само во првите 5 месеци од 2016 година се извршени 130 интервенции, колку што лани се извршиле за цела година, стои во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.