Во соопштение испратено од СДСМ,се тврди дека во текот на денот владата односно вицепремиерот Владимир Пешевски остварил седумминутен разговор со потенцијални инвеститори за еврообврзницата. Од партијата велат дека присутни биле и министерот за финансии, министерот за информатичко општество и јавна администрација, заменик министерката за правда, како и гувернерот Димитар Богов. По кратката седумминутна телефонска врска, состанокот бил завршен. Дали ДУИ се обидува да се затскрие со тоа што не присуствувал министерот за правда, прашува СДСМ.
83
