ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја нарушува финансиската стабилност

од Vladimir Zorba
88 прегледи

VMRO

Единствена цел на СДСМ е да ја наруши финансиската стабилност и финансиските текови во македонија според мотото „колку полошо за Република Македонија и нејзините граѓани, толку подобро за СДСМ“, наведува владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешното соопштение од СДСМ од каде апелираа инволвираните раководни лица да не учествуваат во натамошната постапка за издавање нова евробврзница. Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ прави уште едно финансиско злосторство со обидот преку закани, лаги и невистини да го блокира издавањето на еврообврзницата, која е вообичаен начин на финансирање на секоја европска држава, стои во реакијата на владеачката партија.