(ВИДЕО) СДСМ Велес: Бараме одговороност за несоддветната исхрана на децата

од Vladimir Zorba
71 прегледи

veles

Прес конференција
Велимир Арсов, член на Надзорен одбор на СДСМ
Велес, 19.07.2016
Почитувани граѓани,

СДСМ изразува голема загриженост од изготвените анализи од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес – Одделение за хигиена и здравствена екологија, во однос на безбедноста и биолошкиот квалитет на исхраната во ОЈУДГ “ Димче Мирчев”, ОУЦП “Блаже Конески” и Ученичкиот дом “ Лазар Лазаревски ”.

Во ОУЦП “Блаже Конески” при проверка на приборот за јадење изолирани се бактерии – индикатори на фекално загадување, коишто можат да предизвикаат цревни заболувања. Заклучено е дека млекото и млечните производи не се доволно застапени во дневниот оброк кај децата, а треба да се зголеми и внесот на интегрални житарки, свежо овошје и зеленчук, а да се намали на шеќерни концетрати. Децата треба да добијат нутритивно богата храна, а не калории од нутритивно сиромашни производи, кои често децата ги добиваат во форма на ужинки.

Имено, во детската градинка “Димче Мирчев” треба да се подобри квалитетот на храна, односно да се зголеми внесот на риба, свеж зеленчук и овошје, а да се намали на слатките. Децата треба да добијат нутритивно богата храна, а не калории од нутритивно сиромашни производи, коишто најчесто децата ги добиваат во форма на ужинки.

Во Ученичкиот дом “Лазар Лазаревски” исхраната не е целосно правилно планирана според стручните насоки и норми. Застапен е избалансиран внес на храна, зголемен внес на масти и натриум, а дефицит на јаглени хидрати, житарици, свежо овошје и зеленчук, риба и јајца.

Овие податоци укажуваат на целосната негрижа кон децата и учениците.

Овие податоци укажуваат дека кадрите на ВМРО-ДПМНЕ коишто раководат со овие институции не си ја вршат соодветно својата работа.

Бараме одговороност за несоддветната исхрана на децата.

Надлежните под итно да ги прифатат и применат сите мерки кои им се понудени од Центарот за јавно здравје.