91
Министерството за труд и социјална политика спроведува низа мерки и проекти кои помагаат на примателите на социјална парична помош чии резултати се видливи. Мила Царовска говори без аргументи и во насока на здобивање на политички поени за нејзината партија, а нејзините ставови се обид да се манипулира јавноста со низа изречени полувистини и лаги, се наведува во пишаната реакција на Министерството на прес-конференцијата на Царовска.
– Кога се говори за зголемување на социјалната парична помош и постојаната парична помош секогаш се пресметува процентот на зголемување во просек и тоа се однесува и на социјалната и постојаната парична помош. Нашите бројки се вистинити и СДСМ не може да го избегне фактот дека просечната социјална парична помош во 2006 изнесувала 2.900 денари а во 2016 изнесува 4.927 денари. За 68% беше пониска социјалната помош во време на владеење на СДСМ. Во 2006 постојаната парична помош изнесувала 3695 денари а во 2016 изнесува 6228 денари тоа е зголемување 68,5%, стои во соопштението.
Меѓу применетите мерки Министерството за труд понатака посочува дека го зголемиле правото на помош и нега од друго лице за 32,7%, го зголемиле паричниот надоместок за згрижување на деца без родители и родителска грижа.
– Во зависност од категоријата во 2006 година изнесуваше помеѓу 6.500 денари и 8.500 денари. Висината на паричниот надоместок во 2015 година го зголемивме за 25% и изнесува помеѓу 8.125 денари и 10.625 денари, посочуваат од Министерството.
– Спроведовме отпис на долгови за социјално ранливите категории. Во рамките на овој проект на 14.000 добија отпис на долгови, односно отпишан е долг во износ од 1.798.493.393 денари. Овозможивме поголема финансиска помош преку обезбедување на условен паричен надоместок за средно образование, кој се исплаќа за ученици кои редовно посетуваат настава и се од домаќинствата корисници на социјална парична помош. Воведовме субвенционирање на потрошувачката енергија – секое семејство на корисниците на социјалната помош секој месец добива неповратни финансиски средства за покривање на дел од трошоците за потрошена енергија, се додава во соопшетнието.
Донесена беше, се посочува, мерка за вработување на 1.600 лица во јавната администрација од социјално загрозените семејства, беа ослободени корисниците на социјална и постојана парична помош од плаќање на радиодифузна такса. Овозможен е пакет мерки за помош и поддршка на децата без родители и родителска грижа, воведени се нови права за лицата со инвалидност. Потоа, овозможео е бесплатно летување и зимување за над 12.000 деца од семејства во социјален ризик.
– Воведовме право на додаток на слепило кое изнесува 7.000 денари потоа право на додаток на мобилност во износ од 7000 денари е во воведено за лица со 100% телесен инвалидитет кои самостојно користат инвалидска количка со навршени 26 години, лица со квадриплегија или со умерени, тешки и длабоки пречки во менталниот развој кои користат инвалидска количка со придружник. Исто така воведовме право на паричен додаток за глуви лица во висина од 4.000 денари. Го зголемивме посебениот додаток за материјално необезбедени родители на деца со пречки во развојот за 25%. Ова се дел од проектите кои ги реализираме за лицата во социјален ризик и со кои реално им се помага, стои во реакцијата на Министерството за труд и социјална политика.
