СДСМ: Груевски требаше да стане од премиерската фотелја за да види што се не направил

од Vladimir Zorba
59 прегледи

Груевски 10 години седеше во премиерска фотеља но изгледа требаше да стане од неа за да види дека луѓето во 21-от век во Македонија ги остави без водоводи, патишта и здравствени домови, за кои што сега зборува каде ќе стигне, се вели во соопштението на СДСМ.

„И кога нема што да каже, таму се катните гаражи преку коишто неговата власт испра најмалку десетици милиони евра.

Охриѓани го знаат тоа што го знаат и граѓаните на Македонија.

Од оваа криминално – корупциска власт, Влада за граѓаните не бидува.

Охрид како и Македонија се подготвува за регуларни избори во декември на коишто ќе изберат одговорна Влада која ќе се грижи за нив и за државата“, вели СДСМ.