Богов се грижи за фамилијата наместо за граѓаните, нека каже зошто?

од Vladimir Zorba
56 прегледи

 

 

Гувернерот Димитар Богов не може да гарантира никаква финансиска стабилност додека се грижи за интересите на фамилијата, а не на граѓаните на Македонија.сдсм

Богов мора да одговори и ќе го прозиваме во име на граѓаните се додека не одговори:

Што барал гувернерот Димитар Богов на конференциската врска кога соработниците на Груевски Миноски и Бришковска го договара 450-милионското незаконско задолжување преку еврообврзницата?

Дали Груевски го има Богов “во рака“ и дали во врска со аукцијата за избор на изведувач за изградбата на новата барокна зграда на НБРМ?!

Оваа барокна зграда на НБРМ во којашто ќе се смести Богов ќе ги чини граѓаните неверојатни 36.5 милиони евра!

Или можеби поради вмешаноста на гувернерот со сомнителна продажба на Алфа банка А.Д Скопје за 1.2 милиони евра?

Богов од 2012 година преку Фејсбук се оградува од “ненормалните“ задолжувања на власта на Груевски, што би рекол Ставрески, дури и повикуваше да запре задолжувањето.

Нешто го принуди Богов да го промени својот став.

Брзо ќе стане јасно со што го држи Груевски гувернерот Димитар Богов.

Сите инволвирани лица во издавањето на незаконската 450 милионска еврообрвзница и во сите други противзаконски постапки ќе мора да понесат одговорност, се вели во денешното соопштение на СДСМ