ЛДП ги демантира провладините медиуми: Го поддржуваме Договорот од Пржино

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Од ЛДП ги демантираат шпекулациите објавени во провладините медиуми дека не гласале за пакетот закони што вчера беше донесен во Собранието. Како што брифираат од партијата дале поддршка за Законот за МВР и за Законот за агенцијата за аудиовизуелни услуги.

ldp3

„ЛДП од самиот почеток ги поддржува Пржинските договори зад кои покрај политичките партии стои и целата меѓународна заедница. Нашата загриженост од последниот договор произлезе од стравот дека владејачките партии повторно ќе се обидат да го изгиграат договорот. Мораме да бидеме претпазливи. Свесни сме дека вистинските реформи во сите сфери од опшеството ќе уследат после изборите на кои ќе дојде до промена на актуелната власт.

Синоќа дел од законите ги поддржавме и со тоа ја потврдивме нашата согласност за овој договор. Од оправдани причини поради одовлекувањето на седницата не бевме во можност да останеме до самиот крај што незначи дека сме против некое решение“, објаснуваат од ЛДП.