Социјалдемократскиот сојуз го обвинува министерот за здравство Никола Тодоров дека трети ден избегнува на јавноста да и го објасни скандалот со инфекцијата на Клиниката за очни болести при Клиничкиот центар во Скопје.

-Во какви размери е инфекцијата на Клиниката за очни болести, колку пациенти се со компликации после операции и која е причината? Тодоров, како и секогаш се крие и зад ова раководството на Клиниката, коешто оставено да го правда, од паника, притисок или невнимание самото се вовлекува во дообјаснувања што водат до сериозна правна одговорност!
Раководството на Очната клиника не ја одрече информацијата од болнички кругови дека бројката на инфицирани пациенти за едно денонокие се зголемина од 15-мина, на 25-мина.Раководството на Клиниката потврди дека формирале Комисија за стручен надзор, којашто земала брисеви од работни површини, материјали од пациенти, стерилни шприцеви.Ако немало компликации од инфективно потекло зошто е тоа направено?
Повторно прашуваме, дали загаден препарат употребен за време на операции на пациенти е причина за инфекциите? Во каква здравствена состојба се пациентите со компликации по операциите?, велат од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека претседателот не може да ги одмолчи овие прашања.
Универзитетската клиника за очни болести пак, демантира за наводно загадување на препаратот авастин. Тие тврдат дека тој се користи исклучиво по строг медицински и светски утврден протокол.
„Клиниката за очни болелсти како врвна јавна здравствена установа од терциерно ниво ги демантира обвинувањата искажани на денешната прес конференција и како самостоен правен субјект од терциерно ниво носиме одговорност и стоиме позади стручноста и компетентноста на нашиот персонал.
Токму тоа го покажа и формираната Комисија за стручен надзор, според која врз основа на добиените резултати од сите земени резултати за микробиолошка контрола (брисеви од работни површини, материјали од пациенти, стерилни шприцеви, вонредни здравствено хигиенски прегледи на вработените, донесе заклучок дека во оваа клиника не постои сомнение за евентуална секундарна контаминација на лекот авастин“, се наведува во реакцијата на Клиниката за очни болести.