ДОМ : Наместо прогон, пристап до медицинскиот канабис за болните

од Vladimir Zorba
127 прегледи

ДОМ апелира до институциите за прогон да не се занимаваат со гонење на граѓани кои за свое лекување или за лекување на други болни лица бараат начин како да дојдат до медицински канабис. Сметаме дека неправедно се малтретираат луѓе како Филип Достановски од организацијата за медицински канабис ,, Зелена алтернатива”.

Наместо прогон потребен е по брз и поефтин пристап до медицинскиот канабис за болните лица.Тоа значи дека е потребно да се либерализира целата постапка за производство на овие препарати, се разбира, со конрола од државата. Но мора да се обезбеди пониска цена за лекот, по можност од домашно производство.

ДОМ го поддржа легализирањето на употребата на медицински канабис и поднесе редица амандмани за поголема достапност за болните по пониски цени. Тогаш беа одбиени амандманите но време е да се преиспита законот и во него да се интервенира.