Лидија Димова се заразила со вирусот на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Заев мисли дека е црпнат од господ за да краде и незаконски да се богати без да сноси одговорност. Лидија Димова, пак, смета дека сите граѓани може да бидат казнети за сообраќаен прекршок, но таа не смее, затоа што била предложена за пратеник од страна на аболициран криминалец, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Бескрајна и тажна е агонијата во која што потоа СДСМ предводена од аболицираниот криминалец Зоран Заев. Просторот за манипулации им се стеснува. Изборите наближуваат, наближува и казната од граѓаните за ваквото деструктивно однесување на СДСМ. После изборите ќе мора да врати се што украл, исто како што и нервозната Лидија Димова ќе мора да ги плати казните за сообраќајните прекршоци што ги направила.

Затоа госпоѓо Димова, платете си ја казната! Вие и аболицираниот криминалец Зоран Заев не сте над останатите граѓани. Сите граѓани се еднакви пред законот и доколку сте погрешиле треба да одговорате, вклучително и за сообраќаен прекршок.

Времето што сте го потрошиле на прес конференции, г-ѓо Лидија Димова сте можеле да го искористите и да отидете до полициската станица и да се однесувате како одговорен и возрасен граѓан на Република Македонија“, стои во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на Лидија Димова.

Слични содржини