Клиника за очни болести до СДСМ: Доволно се грижевте за здравјето на пациентите, оставете го тоа на нас

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Универзитетската клиника за очни болести по четврти пат ги демантира пласираните невистини од страна на една мала политичка партија во опозиција, реагираат од клиниката за очни болести.

И денес демантираме дека на нашата клиника има повеќе од 25 пациенти со било какви здравствени проблеми. Од ден на ден се изнесуваат лаги и невистини, а особено сме вчудоневидени како на дрзок и безобразен начин си играат со бројот на пациенти: 15, 25, повеќе од 25 и така натаму, како и со интегритетот на нашата здравствена институција, велат од клиниката.

Според нив, обвинувањата од страна на опозицијата се изнесуваат лаги и дезинформации и прашуваат дали е тоа поради политички, бизнис или личен интерес.

Доволно се грижевте за здравјето на нашите пациенти, ве молиме повеќе да не се грижите, оставете го тоа на вистинските и докажани професионалци. Клиниката за очни болести ќе продолжи да ја работи својата работа професионално и во континуитет во интерес на здравјето на пациентите, стои во реакцијата.