ЛДП бара поголемо намалување на цената на парното греење

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Соопштение на ЛДП:

LDP-660x330

Либерално-демократската партија доследно се залага за заштита на правата на потрошувачите, што е врвна европска вредност, а особено за заштита на потрошувачите од компании кои делуваат во монополски услови. Во рамките на ова, веќе пет години ЛДП се залага за заштита на правата на потрошувачите кои ги користат услугите на  парното греење. ЛДП уште во октомври минатата година ја повика Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија да не ги штити интересите на монополите и веднаш да ја намали цената на испораката на топлинска енергија, пред се’ поради драстичното намалување на цената по која се увезува природниот гас.

Последната одлука на Регулаторноата комисија за енергетика со која се намалува цената на парното греење за 10.93% за домаќинствата кои ги користата услугите на “Балкан енрџи груп“, за 4% за домаќинствата кои ги користат услугите на “Скопје север“ и за 2,6% за домаќинставата кои се исклучени односно не ги користат услугите на затолување е навистина многу ниско. Во услови кога цената на природниот гас за 18 месеци повеќе од двојно е намалена, намалувањето на цената на парното е навистина нереално ниско. Покрај тоа, треба да се има предвид дека температурите во поголемиот дел на грејната сезона во последните три години белжат тенденција на постојан пораст, што може реално да се очекува и во наредниот период. Со ваквото однесување , Регулаторната комисија покажа дека и понатаму ги штити монополите.

Поради тоа, ЛДП ја повикува Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, согласно своите надлежности утврдени во законите и во подзаконските акти, итно да ја корегира донесената одлука и намалувањљето на цената на парното греење да биде за најмалку 30%. Овој чекор ќе придонесе за определување на правична и реална цена која ќе ја плаќаат граѓаните и претпријатијата за користење на услугите на парното греење.