
Од проектот за изградба на домови на социјално ранливи групи реален бенефит гледаат ранливите категории на граѓани за кои ВМРО-ДПМНЕ реално се грижи, а кои СДСМ ги користи и злоупотребува очајно обидувајќи се на нивниот грб да освои некој ситен политички поен. Апсурдно и трагично, реагираат од владејачката партија на денешното соопштение на СДСМ.
„Граѓаните паметат дека Фросина Ременски во функција на технички назначен министер за труд и социјална политика до последен момент го блокираше доделувањето на социјални станови за вкупно 76 лица. Со заминувањето на Ременски заминаа и проблемите на овие граѓани. Владата на ВМРО-ДПМНЕ гради станови и се бори за решавање на проблемите на граѓаните, СДСМ им создава проблеми и прави се за да им го отежне животот. Тоа е разликата поради која граѓаните не дозволуваат СДСМ да се доближи до власта 9 изборни циклуси по ред“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека сто пати кажана лага од СДСМ никако не може да стане вистина и додаваат дека тоа е причината поради која СДСМ десет години губи на избори.