СДСМ: Како полета Никола Груевски на одмор во Турција?

од Vladimir Zorba
153 прегледи

timthumb (2)

Јавноста очекува одговори од кои причини Никола Груевски полетал на одмор во Турција со бенефиции на премиер?

Дали е точно дека Никола Груевски дошол до авионот со приватен автомобил по пистата за полетување, надвор од секоја процедура за безбедност на аеродромот?

Дали и кој дозволил Никола Груевски и неговите телохранители, да заминат за Турција без царинска проверка иако неговите обезбедувачи биле вооружени?

Што изнеле Никола Груевски и неговото обезбедување од Македонија без да бидат проверени?

Што сакал да сокрие Никола Груевски на излез од Македонија?

Кој го плаќа транспорот и одморот на неговите 5 телохранители во Турција?

Од ВМРО-ДПМНЕ треба да им објаснат на граѓаните и за овие луксузирања на Никола Груевски кој очигледно не може да се помири со фактот дека не е премиер, реагираат од СДСМ.