ДОМ: Бараме одговор од институциите

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Соопштение на ДОМ:

dom demokratska obnova na makedonija

ДОМ е изненаден од изјавата на г-нот Азманов, во име на инвеститорот на објектот „Настел Тафталиџе”. ДОМ нема намера да се расправа со приватни инвеститори, кои си имаат свои интереси. За нас како политичка партија е битен јавниот интерес и затоа бараме одговор од институциите, кои се должни да го заштитат.

По дојава од граѓани од Карпош, ДОМ пред 10 дена издаде соопштетие во кое ја извести јавноста за никнување на „монструм зграда” во Тафталиџе 1. За истиов случај и пратеничката Лилјана Поповска два дена подоцна постави пратеничко прашање до Министерството за транспорт и врски и очекува писмен одговор. Самиот инвеститор на својата веб-страна кажува дека ова е најголемиот стамбено-деловен објект досега во земјава, со развиена површина од 60.000 метри квадратни!