[РЕЦЕПТ] Ролни со лосос и палачинки

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Состојки:
За палачинките:
2 јајца
околу 2 чаши  млеко
околу 2 чаши брашно
маслец
За филот:
350 г крем сирење
400 г чаден лосос
10 парчиња каперси
2 кисели краставички
неколку страка копар42c647a9b0c873dce3f856f4ede5ff7c

Подготовка:
Најнапред подгответе ги палачинките, со комбинирање на сите состојки. Потоа во добро загреана тава стопете мала количина маслец и ставете малку од тестото. Се шири добро со кружни движења и по околу минута-две се вртат палачинките.
Кога палачинките се подготвени може да направите и ролни. Во сад се комбинираат крем сирењето заедно со сецканиот копар, каперси и краставички. Намачкајте ги палачинките и потоа наредете го лососот. Намотајте и исечете ги на ролни со големина околу 2-2,5 см.