РЕК Битола: Работиме со две термоелектрани и во согласност со потребите

од Vladimir Zorba
80 прегледи

РЕК Битола произведува електрична енергија од две термоелектрани (ТЕ Битола 1 и ТЕ Битола 3) чија работа во целост е прилагодена според потребите на домаќинствата и субјектите на регулираниот пазар за електрична енергија, известуваат од комбинатот.

rek-bitola[1]

„Благодарение на натчовечките напори на сите вработени во комбинатот, двете термоелектрани се вклучени во електроенергетскиот систем за многу краток период, со оглед на сложеноста на техничко технолошкиот процес за вакви големи енергетски системи.

Со целосна посветеност на персоналот и стручните служби, Комбинатот функционира во редовни услови, со планираниот капацитет за овој период од годината и во ниту еден момент не е доведена во прашање стабилноста на електроенергетскиот систем.

Со оптимизација на расположливите домашни производни капацитети, АД ЕЛЕМ во целост ги испорачува потребните количини електрична енергија до тарифните потрошувачи“, стои во соопштението од РЕК Битола.