[РЕЦЕПТ] Лесен чоколаден колач

од Vladimir Zorba
238 прегледи

Состојки:
6 големи јајца
1/2 чаша шеќер
200 г природно чоколадо
1/2 лажичка сол1041739462b31650aae5bec727283103

Подготовка:
Овој одличен чоколаден колач се пече во водена бања, а подготовката е сосема лесна. Во сад измешајте ги жолчките, шеќерот и растопеното на водена бања или во микробранова печка чоколадо. Мешајте додека се добие мазна смеса.
Во одделен сад измешајте ги белките со половина лажичка сол. Солта не само што ќе помогне протеините да се претворат на снег, но и ќе го истакне вкусот на чоколадото. Потоа внимателно додадете малку од нив кон чоколадната смеса. Промешајте и додадете ги останатите белки.

Важно е да мешате полека со помош на лажица.

Ставете го тестото во тава за печење, претходно намачкана со масло, а неа во длабока тава. Истурете до половината на длабоката тава топла вода. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 25-35 минути. Посипете го колачот со шеќер во прав и сервирајте најдобро со лажица. Ќе видите како чоколадото се стопило во меко тесто. По желба додадете и топка сладолед.