Блажески: ДПМНЕ е гробар на иднината на Охрид

од Vladimir Zorba
73 прегледи

timthumb

На седницата на Советот на општина Охрид, советникот Дејан Блажески реагираше на излагањето на заменик -градоначалникот Ангел Јанев, кој кажа дека во голем дел од државните училишта има несоодветен начин на оценување, информира а1он.

Блажески го повика заменик- градоначалникот да размисли дали врши злоупотреба на својата советничка функција, која пак, е во колизија со тоа што, тој практично се однесува како локален министер за образование.

„Истовремено, не знам зошто почитуваните директори од образовните институции Ви реферираат Вам? ! Не разбирам!“- запраша Блажески.

„Владата на ДПМНЕ го погреба државното образование, но тоа се’ уште е лидер. Видовме какви мерки продуциравте овие десет години за неиселување на младите. Жално е што секоја година гласаме за намалување на бројот на ученици. .“- укажа Блажески./извор а1он