Македонија ќе има слободни, фер и демократски избори откако ќе се исполнат сите услови за кредибилен изборен процес којшто ќе ја гарантира слободната волја на граѓаните“, стои во денешното соопштение на СДСМ.
![7982-SDSM-ZNAME[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2016/04/7982-SDSM-ZNAME1-670x423.png)
„ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се плашат од слободни и фер избори. Затоа правеа се’ да не се исполнат минималните условите за кредибилни избори.
До крајот на годинава во Македонија ќе има фер и демократски избори на коиштоНикола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе загубат катастрофално. Тоа веќе им е јасно на сите“, велат од СДСМ.