ВМРО-НП – Тетово: Дали со таканаречената „инвестиција“, Владата сака да го реновира или доруинира Скијачкиот центар „Попова Шапка”

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Соопштение на ОК на ВМРО-Народна партија Тетово:

vnp

Општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија од Тетово по којзнае кој пат остро реагира и притоа повикува на одговорност за неодговорното и нероганизирано изведување на градежните работи при изградбата на новиот ски лифт – шестосед на Скијачкиот центар “Попова Шапка”

 Имено после хаваријата со водоснабдителниот систем која доведе во опасност повеќе од 100.000 граѓани, изведувачот како да не ја научи лекцијата и со своето лошо работење придонесе за уништување на еден од постоечките ски лифтови.

Општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија од Тетово прашува дали со таканаречената “инвестиција“, Владата има за цел да го реновира или доруинира Скијачкиот центар “Попова Шапка” и воедно бара во најбрз можен рок да ги повика на одговорност раководните кадри на ЕЛЕМ и Елем турс кои дивеат и пустошат по скијачкиот центар.