[РЕЦЕПТ] Маслени кокосови колачиња

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Состојки:
4 чаши брашно
300 г масло
1 и 1/3 чаши шеќер во прав
3 јајца
1 пакет прашок за пециво
3 лажици кокосови струготиниbe84c3705f3824999c664450393758d2

Подготовка:
Измешајте ги со миксер шеќерот во маслото,а  маслото претходно да биде омекнато на собна температура околу половина час.

Поделете ги жолчките од белките. Кон смесата додадете ги жолчките, ванила и кокосови струготини. Добро измешајте со миксер или на рака со лажица. Откако смесата се зацврсти благо оформете колачиња со раце како фрагменти  од тестото.

Можете да обликувате колачиња и преку кондиторски  шприц со тоа што ќе ја наполните смесата во него и направите колачиња во форма на  розички. Изборот е ваш.

Потоа измешајте ги белките до снег. Секое колаче потопете го во белките, а потоа  посипете темелно со уште кокосови струготини.

Наредете колачиња во намазнена тава за печење и печете на слаба печка (околу 150-180 степени) за 20 минути.