СДСМ: Веќе нема пречки за комплетирање на Ад хок телото

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Го поздравуваме повлекувањето на Даут Даути од кандидатурата за петти член на Ад хок телото за мониторинг на медиуми за време на избори. Со тоа, веќе не постои натамошна пречка, четворицата избрани членови да го изберат единствениот преостанат кандидат и да го комплетираат составот на телото, стои во соопштението на СДСМ.

7982-SDSM-ZNAME[1]

„Ги повикуваме да го направат тоа што поскоро, за да може Ад хок телото да почне со својата законски предвидена работа“, велат од партијата.