
Природниот гас ќе биде достапен во цела Македонија и ќе го спроведе новата одговорна Влада, реагира СДСМ на почетокот на изградбата на гасоводот на делницата Штип-Неготино, на која присуствуваа премиерот Емил Димитриев, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и директорот на Македонски енергетски ресурси Крсте Миладинов.
„Ќе обезбедиме сите граѓани на Македонија да го почувствуваат бенефитот од гасот како евтин и еколошки енергенс, што веќе со години го имаат граѓаните на општините Струмица и Куманово. Доцна е за Груевски по 10 години, што било да ветува. Појавувањето на граѓанинот Груевски на најавениот почеток на изградба на магистрален гасовод Штип-Неготино е соочување на поранешниот премиер со фактот дека тој, Никола Груевски, ја остави државата без гасоводен систем. Огромните разлики во цена, за овој најавен гасовод во споредба со почнатиот што никако да се доврши, Клечовце – Штип поврзан со вртоглави провизии од 55 милиони евра само ги потврдуваат сомнежите за корупција“, стои во соопштението на СДСМ.
Од партијата наведуваат дека најавениот нов гасовод, нелогично го одминува ТЕЦ Неготино, што, како што велат, ја потврдува негрижата на државата кон оваа термоелектрана.
„СДСМ во својата програма како приоритети ги имам и овој термо енергетски капацитет и гасот. И едното и другото ќе ги реализираме, веднаш по промените што ќе се случат во декември“, сетои во соопштението.