МВР со демант до Енес Ибрахим

од Vladimir Zorba
61 прегледи

Соопштение на МВР:

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира изнесените небулози од страна на пратеникот на ТХП  г-дин Енес Ибрахим.

mvr-zgrada_1_11

Впрочем не само што во неговата прес конференција се изнесени апсолутни небулози, туку и самиот на себе си e

контрадикторен. Во изјавата на пратеникот истиот најпрво вели: „Државјаните на Република Турција кои уредно излегуваат од границите на својата земја наидуваат на незаконски третман на граничните премини во Република Македонија и без никакво образложение се враќаат назад“, за потоа да контрадиктори на претходната изјава и да вели „Важно е да се спомне дека турските државјани се најбројните туристи во Македонија и имаат сериозен финансиски импакт за нашата земја.“

 Како е можно доколку Министерството за внатрешни работи без никакво образложение ги враќа турски државјани и не им дозволува влез во Република Македонија, истите да се најбројните туристи во нашата земја.

Само за поткрепа на претходните тврдења говорат и бројките дека во 2016 година во периодот од јануари до јули, на граничните премини во Република Македонија, влез оствариле вкупно 124.433 турски државјани што претставува зголемување за над 21.000 во однос на истиот период лани кога Македонија ја посетиле 102.693 турски државјани.

Единствената причина за некое лице да не му се дозволи влез на територијата на Република Македонија е доколку не се исполнети соодветните законски услови.

Министерството за внатрешни работи никогаш не вршело дискриминација, било да е врз основа на пол, раса, религија, боја на кожа или слично.