
Бетонските столбови од пругата кон Бугарија се сиот спомен на владеењето на СДСМ во Македонија, реагираа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Благој Бочварски од СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека големите зборови и нула реализација се вистинскиот симбол на се што СДСМ правела во државата – ветувала и ги лажела граѓаните.
„Затоа СДСМ е непријатно изненаден кога се соочува со конкретни проекти и ветувања кои се реализираат. Во очајнички обид да ги манипулира граѓаните сега кога и во СДСМ знаат дека бегање од избори и сигурен пораз нема, фабриката за афери се служи и со небулозни тези во кои ВМРО-ДПМНЕ е виновно за реконструкцијата на пругата Ниш-Прешево. Надвор од умот. Од друга страна, за разлика од СДСМ кој една шајка не закова во железницата, ВМРО-ДПМНЕ навистина е „виновно“ за ремонтот на железничката делница Табановце-Куманово (12 км) и Миравци- Смоквица (12 км), инвестиција од 7 милиони евра – пишува во реакцијата на владејачката партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат и дека СДСМ е партијата која за железницата не мрднала со прст, освен кога требало да се украдат парите за пругата кон Бугарија./Мета