ОМД: Мајка Тереза – симбол за единство во Македонија

од Vladimir Zorba
111 прегледи
142571 (1)
Обединетата македонска дијаспора смета дека 4 септември 2016 ќе биде историски ден за македонскиот народ, а Мајка Тереза – меѓу најголемите симболи на единство во Македонија и личност на која граѓаните од сите етнички заедници се исклучително горди.
– Мајка Тереза со право се смета за една од најголемите личности родени на македонска почва во историјата. Мајка Тереза станала тоа што станала во голема мера поради своето детство во Македонија. Таа пораснала во вистинско меѓуверско општество, на неколку метри од неа имало македонска православна црква, муслиманска џамија, римокатоличка црква и еврејска синагога, изјави претседателот на ОМД, Методија Колоски.
Во соопштението ОМД се осврнува на животот и мисионерската работа на најпознатата скопјанка во светот, која животот го посветила помагајќи им на болните, сиромашните и осамените во Калкута, Индија, каде што почина на 87 години на утрешен датум (5 септември 1997).