Реакции за (не)плаќање на радиодифузна такса

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Граѓаните нема да плаќаат радиодифузна такса а јавниот сервис ќе се финансира директно од буџетот – реагираше писмено опозициската сдсм по најавите дека следува бран на нови блокади на граѓаните.сдсм
„Власта, преку управата за јавни приходи ги толерира милионските долгови на МРТВ за неплатени даноци, а се заканува со присилна наплата на радиодифузна такса на 85.000 граѓани“ – оценуваат од СДСМ.
Реагираа од  управата за јавни приходи  од каде велат политичките партии треба да се воздржат од изјави со кои се пропагира даночна недисциплина и да не ги користат надлежностите на ујп за дневна политика.
„Плаќањето на радиодифузната такса е законска обврска за граѓаните, аУЈП има обврска да ги спроведува законите“ – се вели во реакцијата на даночната управа.