Состојки:
1 врска ротквици
1/2 лажичка синапово семе
3/4 чаша бел вински оцет
3/4 чаша вода
3 лажици шеќер
2 лажички сол
3 чешниња лук
неколку зрна црн пипер
Подготовка:
Измијте ги и исчистете добро ротквиците, по што ќе ги исечете на фини тркалца. Во тенџере ставете ги шеќерот, солта и оцетот. Смесата треба да е испарена и шеќерот да се раствори. Потоа ставете ги ротквиците во тегли, заедно со лукот, синаповото семе и црниот пипер и прелијте ги со топлата смеса.
Затворете ги цврсто теглите. Откако ќе се изладат може да ги чувате во фрижидер за 3-4 недели. По околу 24 часа ротквиците ќе се одлични за јадење.