Состојки:
5 парчиња леб
2 банани, се сечат на кругови
200 г тофу
5 лажици јаворов сируп
1 ванила
½ чаша бадемово млеко (може и соја)
2 лажици кокосово масло
100 г ореви
Подготовка:
Со мешалка или миксер измешајте ги едната банана, тофу, ванила, бадемово млеко и јаворов сируп. Потопете го секое парче леб во смесата додека не се накваси подобро од секаде. Пржете во однапред загреаното на средна температура кокосово масло. Готовите парчиња полејте ги со уште малку јаворов сируп и гарнирајте со сечена банана. Посипете со мелени ореви по избор.