(ВИДЕО) СДСМ: Фамилијата веднаш да се откаже од коруптивниот тендер за гас!

од Vladimir Zorba
93 прегледи

ereneg

„На само 70 дена пред изборите во Република Македонија, власта на Никола Груевски, се обидува да спроведе еден од најкоруптивните тендери за изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас. Тоа е недозволиво!

Прво, во Македонија во моментов има техничка влада којашто не може да носи вака стратешка одлука, како што е проектот за гасификација на земјата.

Второ, недозволиво е и која било влада, предизборно да распишува тендер за изградба на дистрибутивна мрежа и тоа со услови тоа да го добие една компанија, во време траење од 30 години!

Трето, ова упатува на сериозни индиции за можна корупција при спроведување на тендерот и криминални последици на штета на граѓаните.

Неодговорната и криминалната власт на обвинетиот Никола Груевски потроши милиони евра на граѓаните за стиропор политики. Спроведуваше тендери за физибилити студии, за наводни гасификации. Тоа го покажаа дури и со најавата за Јавен повик за изработка на тендер, концесија за дистрибуција на природен гас во градовите низ целата Република Македонија, што се очекува деновиве да биде објавен.

Порачуваме дека ние нема да дозволиме проект со сериозни индиции за криминал. Никој да не помисли да го помага овој проект. Соработниците кои ќе бидат вклучени во една ваква криминогена активност, ќе одговараат.

СДСМ покажа како успешно се спроведува гасификација во Струмица и Куманово и по 11 декември тоа ќе се случи и во сите градови во Република Македонија“, изјави Митко Андреевски, претседател на Комисијата за енергетика на СДСМ.