Кривична постaпка против уште еден член на Левица

од Vladimir Zorba
101 прегледи

941067_1145350348832433_8123436490397047682_n

Основниот суд Скопје 1 започна судски процес против уште еден член на Левица, Мариглен Демири, поради учество на протестите од оваа година, соопштија денеска од партијата.

„Режимот не престанува со политичкиот прогон против членовите на Левица. Малку му беше што веќе води судски процес против двајца наши членови, Здравко Савески и Владимир Куновски, па реши да поведе кривична постапка против уште еден член на Президиумот на Левица, Мариглен Демири. Ако режимот мисли дека вака ќе нè замолчи – дебело се лаже! Нашата борба за слобода и социјална правда во Македонија продолжува“, се вели во соопштението на Левица.

Партијата утре во 11.45 часот пред Основниот суд Скопје 1 ќе одржи прес-конференција./Мета